Жителите на охридската населба Чекоштина, обединети во здружението „Чекоштина урбан“, уште еднаш јавно изразија незадоволство од бавното решавање на нивните проблеми. Тоа било акцентирано и на годишното собрание на здружението што се одржа денеска.
Покрај другото, се одлучи до локалните власти да се достави конкретен предлог, со графички приказ и имиња на неколку поважни улици во месноста. Две децении чекаме да се уреди уличниот систем и овој пат нема да отстапиме! Одлучивме да продолжиме со барања за систематско решавање на нашите основни потреби од локалната, а паралелно да изведуваме проекти од заеднички интерес со самофинансирање, информираат од здружението „Чекоштина урбан.
Се очекува иницијативата во наредните денови да биде доставена до надлежните институции.
Г.М.