Жителите на населбата Чекоштина се незадоволни од односот на надлежните служби во градот во решавањето на комуналните проблемни во ова населено место. Ова, е заклучок од  средбата на сопствениците и корисници на недвижнини во месноста Чекоштина, што се одржа вчера на иницијатива на здружението „Чекоштина урбан“.

За жал, од ветената спремност да се решат основните комунални проблеми на оваа месност во развој – останаа само ветувањата. Нашите почетни барања беа скромни: осветлување на потегот од Туристичка до мостот, воведување на уличен систем и почеток на решавање на изградба на нов мост наместо Алтанин мост. – вели Иван Огненов – претседател на здружението „Чекоштина урбан“.

Како главен проблем жителите на Чекоштина го наведуваат пробивањето и уредување на основна патна мрежа. Дел од жителите, пак, изразуваат подготвеност дел од финансирањето на работите да преземат на сопствен трошок.

Важно е што поскоро да се изведе и основната канализациона мрежа, а за тоа да се предвидат и приклучоци на колекторот, со премин преку новиот автопат. – информираат од „Чекоштина урбан“.

Жителите на населбата реагираат и на ДУП-от за ова населено место, кој предвидува изградба на бетонски бази во непосредна близина на хотели, укажувајќи дека на овој простор постојат три атрактивни археолошки локалитети кои треба да се валоризираат во туристички цели.

OhridNews