Жители од улицата „Будва“ се жалат дека немаат вода од вчера, во текот на ноќта, но и дека водоснабдувањето и утрово не е нормализирано. Реагираат дека посебно во летниве месеци треба да бидат навремено известени доколку нема вода.

Од ЈП Водовод Охрид велат интервенирано е на дефектот кој настанал вчера уште во текот на вчерашниот ден и дека кај нив нема пријави од жители дека немаат вода.

Вчера во попладневните часови е пријавен дефект и истиот е саниран. До сега кај нас нема реакција од корисниците на улицата„ Будва“ дека немаат вода. Екипите се известени и ќе се изврши проверка, велат од претпријатието.

Н.С.Ј.