Клиентите на трите главни белгиски телекомуникациски оператори, Бејз, Мобистар и Проксимус, од вторникот ноќта да средата наутро испратиле околу 33 милиони СМС порако по повод божиќните празници, а многу поголем број граѓани честитките ги размениле преку мобилен интернет. Кај компанијата Бејз бројот на пораки во однос на минатата година бил двојно поголем и достигнал околу седум милиони, а околу полноќ граѓаните испраќале преку 500 пораки во секоја секунда.
Клиентите на Мобистар околу полноќ испраќале дури 1400 пораки во секунда, но во текот на божиќната ноќ испратиле шест проценти помалку пораки од лани, односно околу 13 милиони. Во компанијата овој пад го објаснуваат со зголемента употреба на мобилниот интернет, која е за 19,4 проценти поголема во однос на 2012 година. НАјпосле, кај Проксимус, имало 12,8 милиони пораки, односно 11 проценти помалку од лани, што и овој оператор го објаснил со експанзијата на мобилниот интернет за 70 проценти.