Сместена е помеѓу Франција и Шпанија, нема аеродром ниту железничка станица. Животот далеку од секојдневниот стрес е можеби најголемата причина зошто нејзините жители живеат најдолго. Просечниот животен век е нешто над 85 години.
Лекарите сметаат дека животот во планините и чистиот воздух е добар предуслов за долг живот. Луѓето јадат здрава храна, спортуваат и имаат здрав дух и тело. Поради својата изолираност, Андора не учествувала во ниту една војна во последниве 700 години.
По Андора следува Јапонија со просечен животен век од 82,1 година, потоа Сан Марино, Сингапур и Австралија. Најкратко се живее во Ангола, само 38,2 години, потоа Замбија 38,6, па следуваат Лесото И Сиера Леоне.