Иако е во центарот на градот, дел од улицата „Нада Филева“, се уште не е уреден. Жителите велат дека во минатото упатиле многу молби до градските власти, но безуспешно.
На жителите им било кажано дека проблем се финансиските средства, иако се работи за улица со должина од околу 200 метри. Тука се наоѓа и познатиот градски часовник, околу кој просторот исто така не е уреден.
Жителите од улицата „Нада Филева“ се надеваат дека конечно ќе бидат изнајдени средства за уредување на улицата „Нада Филева“ и просторот околу саат кулата.
OhridNews