Со затоплување на времето старите проблеми на жителите на охридското село Долно Лакочереј одново излегуваат на површина. Тие се жалат на недостиг на вода и бараат од ЈП Водовод Охрид решавање на проблемот.

Од ЈП Водовод преку соопштение информираат дека проблемот со недостиг на вода во топлите месеци во Долно Лакочереј, се должи на нерационално трошење на овој ресурс.

Апелираме да не се злоупотребува водата од водоснабдителниот систем за наводнување на земјоделските површини. – се наведува во соопштението.

ЈП Водовод Охрид најави дека во наредниот период ќе врши контроли за пронаоѓање на нелегални (диви) приклучоци, како и соодветни соодветни пријави за неодговорните граѓани.

OhridNews