Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство во обид“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 44-годишен жител на струшкото село Велешта и на него му е одредена е мерка притвор во траење од 30 дена.
На 22 минатиот месец, пријавениот физички го нападнал неговиот брат, а потоа кон него испукал еден куршум од огнено оружје-пиштол кое нелегално го поседувал. Настанот се случил околу 23 часот во центарот на селото Велешта каде се сретнале двајцата браќа. Притоа настанала жестока вербална расправија, а потоа и физички напад од сега притворениот кон неговиот брат.
Во еден момент, сега притворениот го извадил пиштолот и со ракохватот го удрил својот брат во пределот на главата, а потоа кон него испукал еден куршум нанесувајќи му влезно-излезна рана во пределот на слабината. Веднаш потоа приавениот влегол во своето патничко моторно возили марка „Мерцедес“ и избегал од местото. Повредениот бил пренесен во општата болница во Струга каде е извршена медицинска интервенција и му е дадена неопходната медицинска нега.
Полициската станица од Струга на 10-ти овој месец го пронајде и приведе приавениот по што по решение од Основниот суд во Струга одредена му е мерката притвор.
OhridNews