СВР Охрид поднесе кривична пријава против 59-годишен жител на Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
На почетокот од октомври пријавениот се договорил да направи кровна конструкција на помошна просторија од куќа во село Подмоље, охридско, за што однапред му биле исплатени средствата од страна на сопственикот од истото село. По настаната расправија со нарачателот, пријавениот со целокупниот градежен материјал си заминал, без да ги врати парите на сопственикот, информира полицијата.
OhridNews