Во СВР Битола вечерва во 19.32 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, во близина над селото Братиндол, битолско, се случилa сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило марка „БМВ” со ресенски регистарски ознаки управувано од Б.Н. (24) од селото Езерани, ресенско и сопатник К.Ш. (25) од село Царев Двор, ресенско, и патничко возило „Рено Клио” со охридски регистарски ознаки управувано од Г.С. (50) од Охрид и сопатничка Н.С. (55) од Охрид.
Од страна на доктор во Клиничката болница во Битола, кај лицето Г.С констатирана е смрт како последица од повредите, а кај сопатниците констатирани се повреди.
На местото на несреќата извршен е увид, а извесен период сообраќајот на релација Битола-Ресен беше пренасочуван по стариот пат.
OhridNews