Како што информираа од СВР Охрид, вчера, околу 23 часот дошло до инцидент во охридското село Лескоец, при што од страна на 29-годишен жител биле нападнати две лица од Охрид.
Според информациите до кои дојде OhridNews, станува збор за екипа од охридската Итна помош која се упатила по повик од жител во селото кој го забележал 29-годишниот соселанец како лежи на патот, во безсознание. Откако медицинската екипа, составена од возач и лекар, пристигнала на пријавеното место, веднаш била укажана прва помош врз лицето. Кога тоа било во контактибилна состојба, ја нападнало екипата на Итната помош.
Вработените се здобиле со полесни повреди, а напаѓачот е приведен.
Се работи на целосно расчистување на настанот.
OhridNews