Полициски службеници од Полициската станица Струга, на 21 јуни, поради непочитување на мерките за заштита од коронавирус, лишиле од слобода жител на Косово (1964).

На приведениот одредена му е мерка „строга изолација во времетраење од 14 дена“ по што бил спроведен до Државен карантин во хотел во Скопје, информира МВР.

Во два одделни случаи полициски службеници на Граничен премин „Ќафасан“ санкционирале албански државјани за илегален премин на државната граница, при што биле прицедени 9 лица.

OhridNews