Како што информираат од министерството за внатреши работи, вчера, околу 12.30 часот на магистралниот пат Подмоље-Струга од страна на двајца полициски службеници при вршење на службени дејствија односно при обид да сопрат возило „Алфа Ромео“, без регистерски таблички, возачот ја зголемил брзината со намера да да ги удри по што истите се тргнале на страна, а возилото заминало кон регионалниот пат Струга-Дебар.
Полициските службеници со службеното возило се упатиле кон неговото возило по што го застанале и по дадената усна наредба да излезе од истото осомничениот насилно ја отворил вратата и го удрил полицискиот службеник во пределот на нозете. Истиот е приведен и по утврдувањето на идентитетот констатирано е дека се работи за 23- годишно лице од струшко Делогожда.
По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.
OhridNews