На 17.02.2025 година во 20 часот, на улицата „Никола Карев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 38 годишно лице од Дебар.

Тој бил затекнат при обид да одземе велосипед пред влез во зграда на истата улица. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

OhridNews