Сите зборуваат дека житарките се извонреден оброк, но треба да се знае да се изберат вистинските со кои ќе добиеме доволно хранливи материи, а нема да се здебелиме.

Житарките се сигурно најдобриот избор за ваш здрав доручек. Но, не се сите подеднакво здрави, па пред да ги купите задолжително внимателно прочитајте што пишува на пакувањето. На некои ќе откриете дека само 100 грама житарки содржат дури 480 калории. Како би била појасна оваа бројка – во текот на денот нашето тело би требало вкупно да прими од 1500 до 2000 калории.

Секогаш е подобро да изберете житарки кои не се додатно засладувани со шеќери, отколку денот да го започнете со корнфлекс во чоколадно млеко. Пробајте ги пченичните или житарките од хељда. Измешајте ги со свежо сирење или млеко, како и со свежо овошје. Порцијата би требало да биде релативно мала, околу 30 грама житарки, а ако сакате да ослабите, околу 20 грама.

Со житарките е многу важно млекото или немасното свежо сирење, бидејќи со тоа ќе го намалите целосниот гликемиски индекс на оброкот. Во пракса тоа значи дека нема брзо да огладните бидејќи млекото и млечните производи помагаат во долготрајното чувство на ситост.

Внимавајте житарките да не ги јадете и во текот на денот, или навечер пред телевизор. Посебно треба да внимавате со малите житарки, мусли или корнфлекс бидејќи тешко со сигурност ќе знаете колку сте изеле. Ако сепак добиете неодолива желба за благо, послужете се со овошен јогурт или парче квалитетно горко чоколадо.

извор:metro-portal.hr