Напаѓачот на Франција и Милан, Оливие Жиру ќе разговара со селекторот Дидие Дешам за неговите перспективи во националниот тим.
Претходно, Жиру беше повикан за следните пријателски натпревари наместо повредениот напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема.
Никогаш не разговаравме лице в лице по Европското првенство. Дури и ако веќе е поминато многу време, има потреба од разговор меѓу двајца возрасни. Секогаш сум се согласувал со одредени работи, секогаш сум мислел на перспектива. Тренерот знае што ми е на ум. Тој знае дека сум свеж и секогаш 200% со францускиот тим. Отсекогаш си велев дека преку напорна работа, пожртвуваност и истрајност ќе има подобри денови. Со задоволство ќе разговарам за сето ова со тренерот и ќе слушам што има да ми каже“, изјави Жиру за „Фигаро“.
Жиру за Франција игра од 2011 година. За тоа време, 35-годишниот фудбалер стана вториот стрелец во историјата на националниот тим, постигнувајќи 46 гола на 110 натпревари. На првото место е Тиери Анри со 51 гол.
Француската репрезентација овој месец ќе одигра два пријателски натпревара: на 25 март против Брегот на Слоновата Коска и на 29 март против Јужноафриканска Република.
OhridNews