Карим Бензема на прашањето да направи споредба со Оливие Жиру рече дека Ф1 не може да се спореди со картинг.  Фудбалерот на Челси не остана покусо и на брутален начин му одговори на Бензема за потценувачката споредба. Жиру ја искористи титулата од последниот Мундијал на кој Франција триумфираше.

Некои велат дека не можат да се споредат Формула 1 и картинг. Само ќе кажам дека сум светски првак што не е лошо за некој кој е за картинг. – изјавил Жиру.

Бензема за Франција не игра од октомври 2015 година поради скандалот што го предизвика кога со експлицитна видео-снимка го уценуваше соиграчот Матје Валбуена.

OhridNews