Во средата посетителите на израелската зоолошка градина Сафари Парк имале можност по прв пат да го видат пет дена старото младенче на жирафата кое гордо стоело до мајка си и позирало на насобраните гледачи.
Малата жирафа е посебна по тоа што таа е дури единаесетто младенче на дваесетгодишната жирафа Дениса. Плодноста на мајката ги изненадила експертите и претставува светски рекорд кај жирафите кои живеат во зоолошка. Здравото младенче сеуште нема име, а ќе му го дадат работниците во паркот.