Охридските карате клубови, „Кун-су-то“ и „Чоле“ имаа повеќе од успешен настап на Државното јуниорско првенство кое се одржа изминатиов во Скопје. Двата клубови, заедно, освоија десет одличја и во вистинско светло се претставија пред карате елитата во нашата земја. Одличјата на охридските каратисти на Државното првенство вредат многу, бидејќи им обезбедија место во македонската карате репрезентација за Балканското првенство во април оваа година.
Шест одличја за „Кун-су-то“
Анастастија Смилевска се закити со злато и бронза. Прва финишираше во борби до 11 години и над 44 килогаграми, додека трета заврши во категоријата кати до 11 години. Тамара Ѓурчиновска освои сребрен медал во категоријата борби до 14 години до 54 килогами и бронзен во кати до 14 години. Браќата Дамјан и Козма Митревски обезбедија место на пиедастелот во категоријата борби до 11 години и до 35 килограми завршувајќи на втората односно третата позиција.
Четири медали за „Чоле“
Мартина Петреска и Стефан Петрески финишираа први во своите категории. Мартина победи во борби 13 години до 39 килограми, а Стефан триумфираше во борби 10 години над 45 килограми. Јоана Костовска се закити со бронза во борби 12 години до 37 килограми, а идентичен успех имаше Ивана Богданоска во борби 12 години до 50 килограми.
OhridNews