Одлуката за полагање државна матура, општата политичка состојба, признавањето на Косово предизвикале револт кај младите, но тој не смее да се манифестира со тепачки и инциденти. Ова го изјави градоначалникот на Струга Рамиз Мерко по среддбата со директорите на средните училишта „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ и претставници на полицијата, што се одржа еден ден по масовните тепачкии на ученици македонци и албанци.
Локалната загрижена поради жестоките пресметки на средношколците
На средбата била искажана загриженост за жестокоста на инцидентите кои се случија вчера поради што градоначалникот Мерко побара одговорно однесување од сите надлежни фактори во смирување на состојбите во средните училишта каде поради инцидентите денеска и утре нема да има настава. Со цел смирување на тензиите денеска ќе се одржи итен состанок на Училишните одбори. Најавени се и родителски средби, зголемување на физичкото обезбедување и поставување сигурносни камери, а не е исклучена и можноста од воведување етнички смени.
Директорите на училиштата кои одбија директно да одговорат дали чувствуваат одговорност за случувањата, ги обвинија новинарите за подигање на тензиите. Некои новинари со начинот на известување ја подигнаа тензијата и придонесоа за случиувањата “, рече директорот на СУ „Ибраим Темо“, Муса Мусаи. Тој потврди дека во училишниот двор во понеделникот имало прослава по повод прогласувањето на независноста на Косово, но рече дека таа минала без инциденти и била прекината на негова иницијатива. Тензиите покрај ова ги подигнале и непристојните пароли испишани на училишните фасади, кои како што беше речено не придонесуваат кон градењето соживот.
Ќе се бара одговорност за инцидентите
Градоначалникот Мерко најави дека по расчистувањето на случајот од страна на МВР ќе биде побарана конкретна одговорност од сите инволвирани, а ќе се преиспита и работата на одговорните лица во училиштата. Тој изрази очекување дека со заедничко залагање на директорите и наставниот кадар наставата во средните училишта во Струга да продолжи во четврток. Мерко се надева дека последните инциденти на средношколците нема да влијаат на меѓуетничките односи во Струга, кои ги оцени како добри, и изрази очекување дека сите институции ќе влијаат на тоа ваквите состојби да не се повторат.
Во врска со средношколските инциденто со реакција се јави и ОК на ВМРО ДПМНЕ од Струга од каде побараа да се одржи итна седница на Советот на општината. Партијата бара и смена на директорите на училиштата, зголемување на безбедноста во нив, како и организација на едукативни трибини со цел елиминирање на негативните појави.
Горан Момироски