Протестите што синоќа се случија во Скопје и актуелната политичка состојба во дражавата зазедоа централно место во медиумите од регионот. Tие пишуваат за жестоките демонстрации и судирот на полицијата со демонстрантите, а во дел од нив се објавуваат и анализи за ситуацијата во земјата.
Српски „Блиц“ објави сторија за случувањата во Македонија под наслов „На демонстрациите во Скопје повредени 38 полицајци“. Онлајн изданието на црногорскиот весник „Вијести“, пишува дека „Македонија станала“, а стории за скопските демонстрации објавија и водечките хрватски портали “Index” и “Dnevnik”, како и босанскиот ‘Dnevni avaz”.
ситуацијата во Македонија централна тема во медиумите од регионот
OhridNews