Дисциплинската комисија во шпанската Ла лига му изрече жестока суспензија од осум натпревари на Диего Коста за вербалниот напад на судијата Жесус Манцано во дерби средбата со Барселона.

Темпераметниот фудбалер во 28-та минута ја изгуби главата и вербално го нападна главниот судија, кој без двоумење му додели црвен картон. После натпреварот арбитарот го пријавил инцидентот во записникот, а дисциплинците му изрекоа жестока казна.

До крајот на шпанскиот шампионат остануваат уште седум рунди, што значи дека Диего Коста на неславен начин ја заврши сезоната. „Јорганџиите“ моментално се на втората позиција на табелата, а прашање на време е кога Барселона ќе ја осигура титулата.

OhridNews