Навивачите на Милвол и Евертон на неспортски начин со жестоки меѓусебни пресметки го најавија дуелот во ФА купот кој заврши во корист на домаќините (3-2). Симпатизерите на Милвол ги нападнаа поддржувачите на клубот од Ливерпул, а според медиумите од Англија во неколку групни пресметки има повредени навивачи од убоди со нож.

OhridNews