Жестока тепачка низ улиците во градот, расизам на трибините и неверојатна завршница го одбележаа натпреварот помеѓу Каљари и Лацио, кој гостите го добија со 2-1 благодарание на двата погодоци во судиското продолжение.
Средбата на „Сардења Арената“ имаше не спортски вовед откако претставници од двете навивачки групи жестоко се пресметаа на улица. Како што пренесуваат италијанските медиуми, тешко повредени нема, а уапсени се неколку лица за нарушување јавен ред и мир и насилничко однесување.
На трибините, пред почетокот на натпреварот забележани биле извици од мајмун кои алудираат на фудбалерите со црна боја на кожата. На удар најмногу бил Филипе Каиседо, кој подоцна погоди за конечна победа на Лацио.
Лацио со победата над Каљари го продолжи походот кон водечките екипи на табелата Интер и Јувентус.
OhridNews