Жесток судир имале навивачите на Шалке, популарно наречени „УГЕ“ со полицијата за време на натпреварот со ПАОК, одигран во средата навечер.

Навивачите на Шалке се збратимени со вардаровата навивачка група „Комити“, па поради тоа тие застанале во одбрана знамето „Комити Диселдорф“ на кое било и сонцето од Кутлеш, а кое полицијата се обидела да го одземе.

На истакнатото знамето, кај организаторот, реагирале преставниците на ПАОК и грчкиот делегат, по што полицијата во 75-та минута влегла на трибината со цел да го одземе, по што настанала вистинска војна, а според некои извештаи 50 навивачи завршила во болница, а околу 500 биле повредени.

По натпреварот се огласи и раководството на Шалке, кое ја осудило постапката на полицијата, со објаснување дека полицајците тргнале да го одземат знамето со сонцето од Кутлеш по барање на Грците, што според нив е надвор од кодексот на однесување.

Натпреварот помеѓу двата тима на теренот заврши без победни 1-1, возвратниот меч во Солун ќе се одигра на 27.август.

„Макфакс“