Без победник (2-2) и со поделба на бодовите заврши пресметката помеѓу Челси и Барнли на Стемфорд Бриџ во рамките од 35-та во Премиер лигата.

Натпреварот во Лондон имаше неверојатен жесток почеток, откако во првите 25 минути мрежите четири пати се тресеа, а мирен финиш што се однесува до головите, но не и тензијата на теренот. Барнли отвори со погодокот на Џеф Хендрик во 8-та минута, а Челси врати со головите на Канте и Игуаин во 12-та односно 14-та минута. После десет минути игра Барнс погоди за гостите и изедначи на 2-2. Возбудувања имаше, но не и голови, а во последните минути повеќе имаше кошкање на теренот, отколку фудбал.

Челси со ремито пропушти шанса да го престигне Тотенхем и да го зголеми притисокот на Арсенал. „Сините“ имаат ист број на бодови со Тотенхем, а еден повеќе од Арсенал, но градските ривали имаат меч помалку.

OhridNews