Подготовките на охридските ракометари поминуваат во жесток ритам за продолжението од Супер лигата со по три тренинзи на ден.

Претпладне, „гладијаторите“ ја билдаат формата во финтес центарот „Фит Форм“, а после тоа имаат кондициски тренинг на отворено на стадионот Атина Бојаџи. Во попладневниот тренинг во спортската арена „Билјанини Извори“ со топка се работи на тактиката.


– Подготовките се најважна работа во спортот. Ова е базата на сите успеси. Без добра физичка подготвеност неможеш да се бориш со предизвиците. – рече охридскиот стратег Горан Андоновски.


Охрид во зимскиот подготвителен период ќе одигра неколку контролни средби, но се уште немаат догорено противници.

Мх.П.