Египќанецот Јусуф Хосам, заработи доживотна забрана за настапување на официјални тениски турнири поради вмешаност во местење на натпревари.
Хосам под лупата на тениските власти бил за местење на натпревари во период од четири години (2015-2019).
Единицата за чување на интегритетот во тенисот, пронашла дури 21 сомнителен натпревар на кој Хосам настапувал. Хосам максимално ја искористил добрата позиција на рејтинг листата во 2017 година (291 место) и тогаш бил најактивен на тениски план. Моментално, 21-годишниот тенисер е 820-ти на рејтинг листата.
Пред две години со доживотна забрана за професионално играње тенис се соочи братот на Јусуф, Карим кој исто така местел натпревари.
OhridNews