Ова е нејзина прва сериозна филмска улога, а веќе успеа да ги засени постарите и поискусни колеги. Судејќи според фотографите од снимањето на „Чуварите на плажата“, овој филмски римејк на популарната серија ќе биде вистинско уживање за посилниот пол. Многумина се сомневаа дека манекенката Кели Рорбах ќе успее да ја замени популарната Памела Андерсон, но таа сега им докажа дека нејзиното време допрва доаѓа.
Кели вчера со актерот Зак Ефрон снимаше сцена со спасување, а од драматичните сцени го сврте вниманието кон себе со бујното деколте. Малку фалеше патентот на предниот дел од црвениот костум за капење да се раскопча и Кели да покаже премногу. За среќа по неа, такво нешто беше избегнато и сцената е успешно снимена.