Од 15 јули до 15 август 2022, о Охридско – струшкиот регион и Дебар ќе се одржи локална акција „Mozzart доделува“.

Акцијата ќе важи вкупно на 10 уплатни места, и тоа: Охрид 1, Охрид 2, Охрид 3, Охрид 4, Охрид 5, Струга 1, Струга 2, Струга 3, Струга 4 и Дебар. Право на учество во натпреварот имаат сите полнолетни учесници кои што ќе соберат фискални сметки издадени за тикети уплатени на уплатните места во Охрид, Струга и Дебар, во периодот на времетраење на натпреварот и тоа од 09:00 часот на ден 15.07.2022 до 24:00 часот на ден 15.08.2022 година, во вкупен износ од 300 денари и повеќе, заедно со своите лични податоци (име, презиме, адреса и телефонски број за контакт) ќе ги стават во затворен коверт и ќе ги остават во проѕирна кутија поставена на уплатното место. – информира „Mozzart“.

Еден учесник може да учествува во натпреварот со неограничен број на коверти.

На секое уплатно место по завршување на натпреварот по случаен избор „Mozzart“ ќе извлече по 5 добитници. Еден добитник ќе добие електричен тротинет, а на четворица добитници ќе додели ваучери за обложување во различна вредност.

Комплетните правила погледнете ги овде.