На почетокот на шпицот на летната сезона, граѓани на социјалните мрежи денеска објавија фотографија од премиерот Никола Груевски на плажа.

Откако фотографијата се прошири во јавноста, од Владата стигна соопштение дека премиерот Груевски со своето семејство е на неколкудневен годишен одмор во Израел. 

Во соопштението не е наведено во кое туристичко место во Израел е македонскиот премиер,ниту тоа може да се заклучи од фотографијата. На неа Груевски е сам, а на социјалните мрежи главно се коментираат костимот за капење и очилата за сонце на премиерот. Дел од интернет порталите, повикувајќи се на експерти кои ги консултирале објавија дека премиерот носи скапи очила марка „Дипломат“ лимитирана серија, вредни 60.000 евра. Владата ги демантираше ваквите наводи, појаснувајќи дека премиерот носи просечни очила кои можат да се најдат во продажба по просечна цена.

OhridNews
извор:„Телма“