Иако колумбиската пејачка претходните денови негирала дека е во врска со фудбалерот Жерард Пике, тој ги потврдил овие озборувања, и тоа наговорен од својот тренер Гвардиола кој го советувал дека така подобро ќе се концентрира на фудбалот. Пике веднаш на својот твитер профил поставил фотографија од прославата на неговиот роденден на која била присутна и Шакира.
Овој пар се запознал за време на минатогодишното светско првенство во Фудбал во Јужна Африка, кое било обележано од песната на Шакира “Waka Waka”. Медиумите набрзо ги уловиле пејачката и шпанскиот фудбалер пред исти хотел, па започнала приказната за нивната романса. Во тоа време познатиот фудбалер бил верен со Нуриа Томас, додека Шакира веќе една деценија била во врска со вереникот Антонио де ла Руа, најстариот син на поранешниот аргентински претседател.