Еден ден по објавувањето на веста дека Жерард Пике ја оставил Шакира поради манекенката Бар Рафаели, фудбалерот на Барселона објавил фотографија со која веста ја демантирал. Пике на Фејсбук и Твитер објавил фотографија на која ја прегрнува својата девојка Шакира. Со нив во друштво бил и неговиот клубски колега Фабрегас, кој бил со девојката Даниела Симен.

Пике напишал дека уживал во прекрасна вечера, и со тоа на сите им ставил до знаење дека не минува низ љубовна криза и дека и понатаму е вљубен во колумбиската пејачка. Да потсетиме дека новинарите наводно го виделе Пике во друштво на израелската манекенка Бар Рафаели, која е навивач на Барселона, како се забавуваат во главниот град на Шпанија. Меѓутоа заносната русокоса демантирала дека тие се во врска изјавувајќи дека фудбалерите како мажи воопшто не ја интересираат.