Жерард Батлер, холивудската ѕвезда позната по улогите во неколку филмски хитови, за малку ќе погинел на снимањето на својот најнов филм во Сан Франциско. Имено, на сетот на филмот “Of Men and Mavericks”, приказна за трагичната смрт на еден сурфер, Батлер за малку ќе ја доживеел неговата судбина откако бил поклопен од огромен бран.
Некако успеал да се извлече и да исплива на површината, па потоа веднаш со чамец бил одведен на брегот, од каде завршил во болница. Таму утврдиле дека за среќа се здобил само со полесни повреди.