Британскиот актер Жерард Батлер ќе игра во филмот за украинскиот фудбалски клуб Динамо, вистинска приказна базирана на романот „Dynamo: Defending The Honour Of Kiev“ кој го напишал Енди Доган. Филмот зборува за членовите на киевскиот фудбалски клуб, кои засолниште побарале во една пекара откако главниот град паднал во рацете на германските сили за време на Втората светска војна.
Како би го намалиле отпорот на локалните жители и би воспоставиле ариевска супериорност, нацистите сепак дозволиле одигрување на официјален меч помеѓу изгладнетите членови на тимот кои преживеале и нивната супериорна екипа. Овој натпревар и денес е познат како „Натпревар на смртта“, а Батлер во филмот ќе го игра Николај Трушевич, голгетерот и водач на тимот од Киев.