Пред десетина дена Жерард Батлер признал дека повеќе не е во врска со 25-годишниот модел и актерка Мадалина Генеа, а пред неколку дена веќе бил виден во интимно дружење и танцување со нова девојка, и тоа на островот Карпи, на југот на Италија. Парот уживал на романтично дружење под ѕвездите и не им обрнувал внимание на фотографите кои го следеле секој нивни чекор.
Шкотскиот заводник неодамна изјавил дека сака да престане со забавувањето и да се посвети на семејниот живот. Рекол дека сака да се скраси покрај жена која во потполност му одговара. За разлика од него, романската убавица Мадалина, со која бил во врска една година, е позната по изјавата дека сака „лоши момчиња“, а пред врската со Жерард, била блиска со Леонардо ди Карпио.