Џесика Бел и Жерард Батлер минатата седмица биле фотографирани како се возат на мотор „Харли Дејвидсон“. Популарните актери изјавиле дека се само пријатели, но нивното зачестено дружење наведува на поинаков заклучок.
Тие се запознале на снимањето на филмот „Играње на теренот“, а во март прв пат биле фотографирани на заедничко излегување. Меѓутоа, извор близок на парот негирал дека тие двајца се заедно. Изворот изјавил дека никогаш не биле на вечера сами и дека секогаш била присутна целата филмска екипа.