Шакира објавила фотографија од 2,5 месеци стариот син Милан, кој позирал со својот татко, фудбалерот на Барселона Жерар Пике. Таа под фотографијата напишала дека таткото и синот го чекаат пасошот на Милан.
А Милан навистина бил неодолив. Стрпливо чекал во прегратките на татко си, облечен во карирана кошула и сини панталони. Да потсетиме дека Шакира и Пике станаа родители пред околу два месеци кога Милан стигна на свет. Новопечените родители одлучиле наместо да примаат подароци за синот да им помогнат на децата кои живеат во тешки услови.