Фудбалерот на Барселона Жерар Пике е голем вљубеник во покерот и својот одмор ќе го искористи да учествува на претстојниот елитен покер турнир од Светската серија во Лас Вегас.

После успешното деби пред две години во Барселона, дефанзивецот на каталонскиот тим се надева дека ќе заблеска и на зелената маса преку океанот. Како што пренесуваат шпанските медиуми, Пике воопшто не бил лош во покерот, а за наредниот турнир платил „чип“ од 10 илјади евра.