Францускиот актер Жерар Депардје, кој повеќе од една и пол година е руски државјанин, има намера во својата татковина да започне со сопствено производство на водка, и тоа не било каква, туку еколошка. Тој навел дека неговиот погон за производство на овој жесток, но здрав пијалок, ќе биде во југозападниот руски град Саратов.

Тој навел дека водката ќе биде произведена од еколошки чисти состојки и планинска вода. Истакнал дека тоа ќе биде негово прво искуство во производството на жестоки пијалоци и како се надева дека ќе успее. Францускиот актер претходно најавил дека во октомври во Москва ќе го отвори првиот во ланецот ресторани „Жерар“, а подоцна и неколку продавници со кујнски прибор.