Актерот Жерар Депардје ќе го толкува ликот на советскиот лидер Јосиф Висарионович Сталин, во филм кој ќе го режира актерката Фани Ардан, пренесуваат холивудските медиуми. Ардан, која досега има режирано два долгометражни филмови, филмот за Сталин ќе го режира врз романот на Жан Даниел Балтаса “Le divan de Staline”, објавен во 2013 година. Продуцент на филмот ќе биде француско-португалската компанија Леопардо Филмс, а костумите ќе ги обезбеди московското студио Мосфилм.
Дејството на филмот ќе биде сместено во Советскиот Сојуз во педесеттите години на минатиот век, и фокусот ќе биде врз еден млад уметник кој треба да направи споменик во чест на Сталин, а кој е под сомнение на руското КГБ. Инаку, рускиот претседател Владимир Путин му додели на Депардје руско државјанство пред две години. Прославениот актер изјави дека е спремен да се откаже од француското државјанство во знак на протест поради одлуката на француските власти да го зголемат данокот за најбогатите французи.