Францускиот актер Жерар Депардје ќе го игра Доминик Штрос-Кан, во филм за скандалот поради кој поранешниот генерален секретар на Меѓународниот Монетарен Фонд бил сменет од својата позиција. Изабела Адани ќе ја игра неговата сопруга Ен Синклер, чија поддршка Доминик ја имал за време на својот политички пад. Снимањето ќе почне оваа година во Париз, Њујорк и Вашингтон.

Доминик Штрос-Кан бил приморан да поднесе оставка на функцијата шеф на ММФ откако една собарка од њујоршкиот хотел „Софител“ го обвинила за силување во мај 2011 година. Нејзините обвиненија биле отфрлени како лага, но Доминик Штрос-Кан останал без функцијата генерален секретар на ММФ, како и можноста да се кандидира на француските претседателски избори.