Францускиот актер Жерар Депардје добил руско државјанство, а декретот за тоа го потпишал лично претседателот Владимир Путин. Актерот најавил дека ќе се исели од Франција бидејќи престедателот Франсоа Оланд се обидува да воведе данок од 75 проценти за најбогатите француски државјани. Портпаролот на Жерар Депардје не сакал ниту да потврди ниту да демантира дека актерот ја прифатил понудата на Путин.
Актерот во отворено писмо кон средината на декември рекол дека ќе го врати францускиот пасош и легитимацијата за социјално соигурување поради зголемувањето на данокот. тој се преселил во Белгија каде има помали даночни стапки. Според францускиот закон, граѓаните кои сакаат да се откажат од државјанството мораат прво да добијат државјанство од некоја друга земја. Русија има даночна стапка од 13 проценти која важи за сите без оглед на богатството.