Документарниот филм за Жерар Депардје открил дека францускиот актер во еден момент во животот минат во Ислам. Филмот го следи животот на иконата на француската кинематографија, од најраното детство, до денес, детално анализирајќи ги неговите бројни љубовни врски, проблемите со алкохолот и губењето на синот Гијом.
Гледачите посебно реагирале на епизодата на животот на Жерар која се однесува на неговото преоѓање во Исламот. Имено, во 1967 година, откако присуствувал на концерт на познатата египетска пејачка Ум Калтум во Париз, Депардје одлучил да ја преземе исламската вера. Во период од две години, го читал Куранот, ја посетувал џамијата во Париз и се молел пет пати на ден, се наведува во документарецот.