Првото новородено бебе во новата година во Охрид е женско. Мајка од Охрид во 04:52 часот на свет донесе здраво девојче тешко 4180 грама и долго 53 сантиметри. Неа ова и е второ дете.

 

Второто бебе родено на гинеколошкото одделение во Општата болница во Охрид е машко. Мајка од Кичево на свет донесе момче тешко 3450 грама и долго 51 сантиметар.

Традиционално првите честитки мајките и новородените бебиња ги добија од градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и раководството на Општата Болница – Охрид.

Во духот на традицијата, денес, ги посетив, ги дарував и им посакав добро здравје, среќа и успех во Новата година, бебињата да растат со родители, да имаат безгрижно детство и да ги прават горди нивните родители, изјави градоначалникот Пецаков.

Честитки до мајките упатија и директорот на охридската болница, д-р Горан Маркоски, и персоналот на гинеколошкото одделение,

Г.М.