Канадските научници утврдиле дека женскиот мозок е поактивен од машкиот, кој од друга страна, подобро одмара. Способноста на машките да не мислат на ништо е заснована на фактот што при одморањето, активноста на мозочните неврони е многу поголема кај жените отколку кај мажите. На прашањето дали тоа значи дека женскиот мозок никогаш не одмара, канадската научничка Адриан Мендерк од одделението за психијатрија при универзитетот во Монтреал, тврди дека машкиот мозок едноставно подобро одмара од женскиот.


Таа додала дека секој мозок, всушност, е постојано активен. Адриан, која е специјалист за шизофренија, до ова откриетие дошла сосема случајно додека ја проучувала оваа болест кај пациентите во будна и заспана состојба. Сеуште не биле во состојба да кажат во која мера на таквата разлика влијаат машките и женските хормоните.