Кошаркарскиот клуб „Баскет Кам“ од Македонската Каменица продолжува да го „гради“ тимот во пресрет на првото учество на екипата во ВАБА натпреварувањето. По неколкуте потписи од врвни имиња во женската кошарка, освојувачот на дуплата круна во македонската женска кошаркарска конкуренција, ја договори и искусната 31 годишна поранешна српска репрезентативка Кристина Балтиќ – Пуљизовиќ која е ново име кај „рударките“.
Пуљизовиќ игра на центар и крилец центар и зад своето име има богата интернационална кариера. Има забележано настапи за екипи од Полска, Чешка, Финска, Романија, Франција, Турција, Австралија како и настапувано за повеќе балкански екипи. Сметаме дека нејзиниот ангажман ќе биде големо засилување за натпреварите кои за некој ден не очекуваат во ВАБА лигата, истакнаа од каменичкиот клуб.
Шампионот Баскет Кам претходно ги ангажираше Американката Адиџат Адамс, и Црногорката Снежана Алексиќ, како и Јелена Антиќ, со што како што додадоа од клубот сè е подготвено за успешен настап во најсилното континентално натпреварување во женска кошарка.
OhridNews