Затворот во централен Израел Неве тирза станал модна писта бидејќи во него била одржана модна ревија на која своите креации ги претставиле затвореничките во таа установа. Тоа е дел од програмата за рехабилитација и ги поддржува вештините кои тие можат да ги искористат откако ќе излезат од затвор, но и поради враќање на самодовербата после подолгото време минато зад решетки. Управникот на училиштетот за дизајн Ианив Шварц рекол дека намерата е на затвореничките да им се даде опција за стварање на нешто ново како би направиле подобро општество. Затвореничките работеле заедно со студентите од Студио 6Б, а креирале колекции инспирирани од британската војска и индиските верски симболи.

Облеката ја украсувале со цвеќе, животински принтови и геометриски облици, а училе и како да шминкаат и да прават фризури кои се во склад со облеката која ја носат манекенките. Моделите парадирале на црвениот тепих пред бодликавата жица и зад големите ѕидови. Портпаролот на затворот Никол Енгландер рекла дека сакале нивното време во затворот да биде конструктивно, како по излегувањето би имале можност да се занимаваат со нешто корисно. Таа додала дека имаат затвореничка која студирала дизајн на облека и која во затворот продолжила со своето образование. Во затворот Неве Тирза има повеќе од 200 затворенички на возраст од 18 до 70 години.