Со пригодна свечена програма Женскиот центар „Бисера“ од Охрид вчеравечер прослави 20 години од своето формирање. Во рамки на одбележувањето на јубилејот, активистиките на ова здружението изготвиле „Монографија“ во која се поместени сите позначајни активности и проекти кои биле реализирани во текот на изминатите 20 години.

Претседателката на здружението Нада Мартиноска вели дека е горда што во текот на изминатите години успале да го издигнат здружението на ова ниво кое што е денес.

– Ова е момент кога сите ние се навраќаме назад и гледаме што сме направиле. Кога ќе ги видиме почетоците, бевме едно ново здружение на жени со еден ентузијазам и желба нешто да направиме за нашиот град и секако за подобрување на статусот на жените, тоа беше целта на формирањето. Ние со нашата упорност и со нашето работење докажавме дека можеме да одиме напред и докажавме дека она штое е корисно и за жената и за граѓаните на Охрид, вели Мартиноска.

Таа потенцираше дека спроведувале активности и проекти во сите сфери и области кои ја опфаќаат жената.

– Спроеведувавме многу активности за политичко јакнење на жените кои имаа за цел да им помогнат на припадничките на понежнито пол да се вкучат во политичките процеси. Активно работиме на теми за насилството и против секаква дискриминација. Во моментов работиме на превенцијата и најмногу  ги опфаќаме младите. Исто така имаме реализирано и многу предавања и едукативни активности на тема здравство, како и низа проекти од културата и традицијата, објаснува Мартиноска, потенцирајќи дека постојано настојуваат да вкучат млади девојки кои би го продолжиле успесите на ова здружение и во иднина.

Е.М.