Нов моден крик на улиците во кинеските градови би можеле да станат таканаречените влакнести чорапи, чија главна намена е одвраќање на потенцијалните сексуални насилници од можни жртви. Овие дена се проширила фотографија од новото оружје против перверзните насилници. На жените за време на шетањето низ улиците за време на летните месеци им се препорачуваат токму овие чорапи.
Наводно биле многу удобни за носење, но визуелно делуваат по малку застрашувачки. Речиси целосно го кријат погледот на нозете, делот од телото кој мажите со задоволство го посматраат на убавите жени, додека на перверзните лица токму убавите нозе можат да им бидат мамка за да ги нападбат истите. Фотографијата ја објавил еден корисник на кинеската верзија на Твитер, а медиумите пишуваат дека идејата донекаде е слична на посебната индиска облека во која се вградени електрошокери и испраќачи за сигнал за помош кој може да се лоцира доколку некоја жена е нападната.